Патријархот Кирил изрази сочувство по повод авионската несреќа на југот од Франција (27.03.2015 13:05)
Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил испрати телеграма со сочувство до кралот на Шпанија Филип VI и канцеларот на Германија Ангела Меркел по повод смртта на патниците и членовите на екипажот на германската авиокомпанија, чиј авион се урна на Алпите.
„Примете го моето најдлабоко сочувство по повод трагедијата во Вашата земја: несреќата со рушењето на авионот, на кој немаше само возрасни патници и членови на екипажот, туку и деца“, се вели во посланието до кралот на Шпанија. Поглаварот на РПЦ, истакнува дека се моли за утеха на оние кои во несреќата ги изгубиле своите роднини и блиски и му посакува на Неговото височество и народот на Шпанија сили и храбар дух за да го надминат искушението.
„Со тага дознав за урнувањето на авионот на авиокомпанијата Germanwings во Алпите. Во трагедијата загинаа патниците и членовите на екипажот, вклучувајќи и деца од кои значителен број државјани на Федеративната Република Германија. Ве молам, примете го моето искрено сочувство“, вели Неговата Светост Патријархот Кирил во посланието до канцеларката Меркел. „Засилено се молиме семилостивиот Бог да им дари на роднините и ближните на загинатите утеха и сили да ја надминат тагата поради загубата. Во овие тажни денови, Ви посакувам, Ваша екселенцијо и на целиот германски народ храброст и цврстина во духот“, истакна во сочувството Неговата Светост.
Авионот Airbus A320 на компанијата Germanwings, на 24 март 2015 г., на дестинацијата Барселона – Диселдорф се урна во регионот на Алпите, на југот од Франција. Во авионот имаше 150 патници, од кои сите загинаа во несреќата.
Извор: Православие.ру