Шведска – една од најпознатите атеистички земји во целиот свет (01.04.2015 15:44)
Шведска – една од најпознатите секуларни држави во светот. Согласно статистичките податоци до кои дошол Фил Цукерман, истражувач од калифорнискиот колеџ Pitzer, за неверници се сметаат 85% од Швеѓаните. Ова е една од нависоките стапки, регистрирани во светот, кои укажуваат на неверие, се вели во соопшението на InoSmi.
Со Шведска, во врска со ова, блиски се и Виетнам, Данска, Јапонија и Франција. Социологот Цукерман проценил дека речиси милијарда жители на Земјата се декларираат како атеисти, агностици или едноставно неверници.
Неговите наоди се базираат на инетрвјуираните 50 000 жители од 57 земји во светот, кои биле споредени со исти такви од 2005 год.
„Главниот тренд – расте секуларизацијата. Религијата во многу држави и во животот на повеќето луѓе станува периферна – вели во едно интервју, Мадлен Султон – Швеѓанец, професор на катедрата по социологија на религиите при Упсалскиот универзитет. – Бројот на членовите на религиозните групи се намалува, за разлика од порано, а ова се однесува и на муслиманите.“
Уште еден наод од истражувањето на Фил Цукерман: колку е побогата земјата, и луѓето живеат подобро, толку помалку тие веруваат во Бог.
Извор: Православие.ру