Започна Третото заседание на меѓуправославната комисија за подготовка на документацијата за Сеправославниот собор
 
 
 
 
 

Започна Третото заседание на меѓуправославната комисија за подготовка на документацијата за Сеправославниот собор (01.04.2015 15:47)

На 30 март 2015 г. во Православниот центар на Константинополската патријаршија во Шамбези, близу Женева, започна Третото заеедание на специјалната меѓуправославна комисија за подготовка на Сеправославниот собор.

Третото заседание ќе биде посветено на завршување на ревизијата на нацрт-документот за Сеправославниот собор „Придонесот на Православната Црква за триумфот на мирот, справедливоста, слободата, братството и љубовта меѓу народите и елиминација на расната и другите дискриминации“, започнат на Второто заседание, како и на редактирање на проекти и други решенија за Светиот и Велик собор на Православната Црква.

На заседанието под претседателство на Пергамскиот Митрополит Зизиулас (Цариградска патријаршија) ќе земат учество и делегации со претставници од останатите Православни Цркви: Вселенската патријаршија на Константинопол, Александриската патријаршија, Антиохиската, Ерусалимската, Грузиската, Српската, Романската, Бугарската, Православната Црква на Кипар, Грчката Православна Црква, Албанската, Полската и Правослвната Црква на Чешка и Словачка.

Извор: Православие.ру