Грузиската Православна Црква ужива популарност кај 91% од испитаниците (03.04.2015 13:43)
Во Грузија беа објавени новите податоци од истражувањето на јавното мислење, спроведено од Меѓународниот републички институт.
Според истражувањето, 91% од испитаниците ги почитуваат активностите на Грузиската Православна Црква.
Нејзините активности не им се допаѓаат на 3% од испитаниците, а во врска со ова не можат да се изјаснат 6%. Треба да се истакне дека минатата година, од активностите на Црквата беа задоволни 94% од испитаниците, незадоволни 1%, а 5% не се изјаснија по ова прашање.
Согласно новото истражување, по Грузиската Православна Црква армијата ужива доверба од 87%, а на трето место се медиумите со 82%.
Истражувањето беше спроведено од 3 до 28 февруари 2015 г. низ цела Грузија, по случаен избор. Во студијата се вклучени 1500 граѓани од 18 години па нагоре. Можноста за грешки од истражувањето не ја надминува стапката од 2,5%.
Извор: Православие.ру