Албанската Православна Црква ја претстави својата нова интернет страна
 
 
 
 
 

Албанската Православна Црква ја претстави својата нова интернет страна (29.04.2015 12:24)

Албанската Православна Црква го претстави својот целосно обновен сајт, соопштува Седмица.ру. Сајтот http://orthodoxalbania.org е достапен на три јазика: албански, грчки и англиски. Засега најбогата е содржината на албански, но се очекува и англиската верзија наскоро да биде збогатена.

Страната содржи информации за Албанската Православна Црква, богослужбениот живот, новини, материјали за катихизис, видеа, иконографија и сл.

Обновениот дизајн е прилагодлив за мобилните уреди, како и за потребите на современите сајтови.

 

Извор: Двери.бг