Во Москва ќе се одржи курс за доквалификација на епархиските фоторепортери
 
 
 
 
 

Во Москва ќе се одржи курс за доквалификација на епархиските фоторепортери (01.05.2015 10:25)

Со благослов на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, од 11 до 17 мај, Општоцрковната институција за постдипломски студии „Св. Кирил и Методиј“ ќе организира курсеви за доквалификација на епархиските фоторепортери и соработници на информативните оддели при епархиите во рамките на Московската Патријаршија.

Основната задача на курсевите е за кратко време на учесиците да им бидат дадени знаења за основните техники при фотографирањето и дигиталната обработка на фотографиите, да бидат обучени и поттикнати на креативност при создавање на уметничката, репортажната и применетата фотографија, да создадат навики за креативен пристап при работата со фотографиите, но исто така, и да имаат христијанско поимање (поглед) кон творештвото и уметноста. Во курсот се вклучени и актуалените прашања не само за црковните, туку и за светските медиуми.

Предавачи ќе бидат соработници на Синодските оддели при Московската Патријаршија, претставници на Сојузот на руски фотографи уметници, на Галеријата за класична фотографија во Москва, а исто така, и водечки фотографи и фоторепортери.

Учесниците на курсот ќе посетуваат фотоизложби за да бидат во тек со руската и световната фотографија, информира Седмица.ру.

Извор: Двери.бг