Сѐ повеќе Американци отпаѓаат од верата – студија (16.05.2015 17:25)
Во текот на изминатите 7 години бројот на христијаните во САД значително се намалува. Речиси еден од четворица Американци се изјаснил за неверник, соопштува Spiegel.
Бројот на жителите на САД кои себеси се нарекуваат христијани значително е намален во последните 7 години: од 78% на 71%. Во текот на истиот период, бројот на Американците кои не се идентификуваат со ниту една религија е во раст од 16% на 23%. Овие наоди произлегуваат од истаржувањата на ценетата организација Pew Research Centers.
Намалениот број христијани ги погоди сите слоеви и возрасни групи. „Бројот на христијаните е намален во сите региони, вклучувајќи го и ‘Библискиот појас’, се вели во извештајот составен од страна на Ален Купермен, имајќи ги предвид конзервативните христијански јужни држави на САД. Особено голем пад на христијаните има кај традиционалните католички и протестантски заедници. Малку подобра е ситуацијата кај евангелистите: 25,4% од Американците ѝ припаѓаат на оваа конфесија, како најбројна.
Како резултат на тоа денес во САД живеат 5 милиони помалку христијани во споредба со 2007 г., иако порастот на населението изнесува 18 милиони. Сепак, во САД продолжуваат да живеат 173 милиони христијани.
Кај другите религии, пак, забележуваме пораст. Бројот на Евреите во САД е во пораст од 1,7% на 1, 9%, а бројот на муслиманите е зголемен од 0,4 на 0,9%.
Бројот на неверните од 2007 е зголемен од 37 на 56 милиони. 24% од белите Американци, 20% од Шпанците и 18% од црнците не се сметаат за припадници на ниту една од религиите. Процентот на мажите (27%) е значително повисок од оној кај жените (19%).
Секој петти од неверните имал верско воспитание, но потоа, според студијата отпаѓа од верата. Раководителот на истражувањето Куперман укажува дека трендот на намалување на бројот на христијаните во САД ќе продолжи.
Истражувањата од центарот Pew Research биле извршени по пат на телефонски разговори, во периодот од 4 јуни до 30 септември 2014 г. врз 35.071 полнолетни жители на САД.
Извор: Православие.ру