Водачот на мисијата во Сиера Леоне: Големо олеснување за нас кои живееме во епицентарот на Еболата
 
 
 
 
 

Водачот на мисијата во Сиера Леоне: Големо олеснување за нас кои живееме во епицентарот на Еболата (05.08.2015 11:47)

Фритаун, 4 август 2015

Вакцината VSV-EBOV против Ебола, при клиничките испитувања во Гвинеја, се покажа 100% ефикасна, но сепак потребни се дополнителни испитувања за да бидеме целосно сигурни во лекот, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација Мари-Пол Кини.

Оваа новост на својата страница на фејсбук ја прокоментира и архимандрит Темистокле, водач на православната мисија во Сиера Леона – земја која што беше во центарот на ширењето на вирусот Ебола.

„Денес беше објавено дека испитувњата на вакцината против треската Ебола, спроведена од Светската здравствена организација во Африка (Гвинеја), се покажаа стопроцентно ефикасна против смртоносниот вирус. Ако е ова точно, тоа значи големо олеснување за нас, коишто живееме во епицентарот на Еболата. Благодарност на Бога!“

Извор: Православие.ру