Сочувство на Рускиот Патријарх Кирил во врска со авионската несреќа во Египет
 
 
 
 
 

Сочувство на Рускиот Патријарх Кирил во врска со авионската несреќа во Египет (31.10.2015 22:06)

Утрото на 31 октомври 2015 година, авионот Airbus-321 на компанијата „Когалимавија“, при летот од Шарм-ел-Шејх (Египет) до Санкт Петербург (Русија), во кој се наоѓалe 224 луѓе, вклучувајќи ги и членовите на екипажот, се сруши на 100 км од египетскиот град Ариш, на север од Синајскиот полуостров.

Рускиот Патријарх Кирил испрати сочувство до роднините и блиските на загинатите од уривањето на рускиот патнички авион.

„Со длабока тага дознав за уривањето на авионот во кој се наоѓаа вашите роднини, пријатели, колеги. Ја разбирам болката што ги исполнила вашите срца поради ненадејната загуба и невозможно е да се пронајдат зборови што би можеле да ве утешат во оваа страшна болка. Но точно знаеме дека единствената утеха во оваа ситуација може да биде само молитвата кон Бог. Ве молам, најдете сили за молитва, на која што Господ сигурно ќе одговори, давајќи ви спокој при ова ваше страдање“, напомна во посланието Рускиот Патријарх Кирил.

Утре, на 1 ноември, на денот на жалоста, Рускиот Патријарх ќе отслужи заупокоена богослужба за сите загинати во авионската несреќа.

Рускиот Патријарх го повика духовништвото и верните на Руската Православна Црква да ги спомнуваат загинатите во молитвите.

„Милостивиот Господ нека нѐ укрепи во овие тешки денови“, рече Рускиот Патријарх.

Прес-служба на Рускиот Патријарх Кирил