Во спомен на жртвите од авио-катастрофата на летот 7К9268 (02.11.2015 17:19)
Трагедијата се случи рано изутрина, на 31 октомври – авионот А-321 од руска авиокомпанија со 217 патници и седмочленен екикаж, кој полетал од Шарм-ел-Шејх (Египет) кон Санкт-Петербург, се сруши на Синајскиот полуостров. 1 ноември, на денот на жалост за цела Русија, во многу цркви во земјата беа вознесени молитви за покој на жртвите во катастрофата.
Во спомен на жртвите од авио-катастрофата на летот 7К9268, се посветува…
„На 31 октомври 2015 г, на древниот Синајски Полуостров се случи трагедија која болно ги допре срцата на луѓе од целиот свет. Тоа е тага за секого од нас. И денес, сите зборови – се излишни.
Не може да се најдат утешни зборови за ближните и роднините на починатите. Постои само молитва, и имено таа – сега е попотребна од какви било зборови. Сите ние сме поврзани еден со друг со врски. Роднински, другарски, врски од заеднички град или заедничка земја. Сите ние сме луѓе, и веќе само тоа ја означува нашата блискост, еден со друг. Блискост во заедничката кршливост и нестабилност на животот, во неизбижната смрт. Ние, сите заедно, како цел живот да стоиме на брегот на една бездна и се држиме за раце. Дуваат ветровите на времињата и историјата, обидувајќи се да го фрлат целото човештво во таа пропаст, но благодарение на дланките на другиот, ние се држиме и не паѓаме.
Смртта е неизбежна и страшна. Најстрашното во неа е нејзината неочекуваност. Непредвидливост. Нејзината непристрасност во однос на луѓето. Нејзината ужасна несправедливост. Нејзината бесмисленост.
Затоа нема зборови. Само молитва – како рака за помош на ближниот, на крајот на смртната пропаст. И таа молитва нè поддржува нас. Ја имаме уште и светлата вера во ветувањето Божјо, кое дава смисла на земното постоење. Бог ветил дека сите ќе нè воскресне, што значи – и ќе нè воскресне. И Самиот плачел неутешно над гробот на Својот пријател Лазар. Плачел, и не нашол утешни зборови. И го воскреснал Лазар, како што ќе ги воскресне еден ден сите загинати и заминати, како што ќе го воскресне и секого од нас, затоа што несомнено, секој од нас еднаш ќе умре.
Имаме само една надеж – Христос, Кој ја победи смртта еднаш и засекогаш. Да, смртта владее во светот и ни ги зема нашите блиски и пријатели секојдневно и ни предизвикува незамислива болка. Но нејзините победи – се минливи.
Зад прагот на смртта, колку и да е страшна, нас нè чека и сретнува Воскреснатиот Христос. Зад прагот на земното постоење, нè чека Пасха. И таа радост, никој нема да ни ја одземе.
Христос Воскресна! Што значи, дека бесмисленоста на смртта добива смисла, и нејзината темнина, внатре свети со пасхална светлина. И нашите молитви – молитви за поткрепа на живите и светол удел на мртвите – ќе ги услиши Бог, и ќе утеши, и ќе ги избрише солзите од лицето. И како Татко, Кој ги љуби Своите деца – ќе нè прегрне и ќе ја избрише секоја мака.
Се молиме за вас…
Список на загинатите патници на летот 7К9268 Шарм-Ел-Шејх – Санкт-Петербург:
Капетан Немов Валериј Јуревич
Втор пилот: Трухачев Сергеј Станиславович
Главна стујардеса: Марцевич Валентина Петровна
Стујарди/стујардеси:
Беломестнов Андреј Виталевич
Олару Ирина Дмитриевна
Свиридов Станислав Василевич
Филимонов Алексеј Андреевич
Патници:
(презиме, име, датум на раѓање)
Акимов Михаил, 30 мај 1973
Александров Александар, 11 јули 1976
Алексеев Алексеј, 7 декември 1983
Амосов Андреј, 8 декемвти 1964
Аникеева Маргарита, 14 септември 1949
Анисимов Виктор, 7 мај 1962
Башакова Надежда, 15 ноември 1937
Беспалова Галина, 16 септември 1949
Богданов Антон, 28 октомври 2005
Богданов Дмитриј, 27 јануари 1969
Богданова Анастасија, 4 октомври 1993
Богданова Валерија, 16 ноември 1990
Бриуло Евгениј, 21 ноември 1966
Бриуло Марина, 28 јануари 1967
Булеева Јулија, 15 јули 1990
Буткевич Александар, 27 август 1955
Ваглаев Павел, 12 декември 1960
Василева Лилија, 16 септември 2002
Василева Марина, 1 септември 1958
Ветлугин Александар, 26 јули 1980
Винник Александра, 06 февруари 2012
Винник Дмитриј, 06 септември 2013
Винник Маријана,26 мај 1987
Виноградскаја Евгенија, 26 ноември 1986
Виталева Алиса, 28 февруари 2001
Виталева Ирина, 5 февруари 1978
Вишнев Армен, 26 октомври 1988
Волженкова Анна, 2 мај 1987
Волков Николај, 12 декември 1982
Волкова Марина, 14 ноември 1965
Волкова Јулија, 28 април 1967
Волјанскаја Екатерина, 22 јули 1992
Воскресенскаја Елвира, 8 февруари 1987
Гавриков Александар, 04 јануари 1980
Гајдамак Алина, 30 април 1988
Гајдамак Елена, 8 јуни 1965
Галанова Елена, 23 октомври 1972
Герасина Вера, 16 септември 2009
Герасина Јулија, 29 мај 1973
Гирин Дмитриј, 23 септември 1983
Глидаев Денис, 17 јануари 1982
Голенков Владимир, 26 март 1967,
Голенкова Викторија, 14 јули 1970
Голенкова Диана, 2 септември 2011
Голубева Нина, 21 јануари 1972
Гомечко Људмила, 25 мај 1958
Горбатенко Андреј, 14 јули 1980
Гордин Леонид, 27 ноември 1986
Гречкина Татјана, 20 јануари 1952
Григорева Дарја, 29 декември 1991
Григорева Екатерина, 2 јули 2003
Григорьева Наталија, 8 април 1979
Громов Алексеј, 1 јуни 1988
Громова Дарина, 26 декември 2014
Громова Татјана, 9 декември 1988
Даниленко Надежда, 18 април 1990
Данилова Наталија, 24 август 1987
Дементич Татјана, 7 мај 1951
Добрица Андреј, 18 февруари 1971
Добрица Рима, 7 август 1971
Домашнаја Елена, 15 ноември 1990
Дудочкина Светлана, 14 март 1962
Дудченко Елена, 28 ноември 1968
Дунаев Александар, 16 февруари 1947
Дунаева Нина, 08 јуни 1953
Душечкина Валерија, 10 мај 2005
Евграфова Евгенија, 7 јуни 1988
Жималенков Мирон, 27 јули 2013
Жималенков Сергеј, 13 август 1983
Жималенкова Елена, 16 февруари 1986
Завгороднаја Ирина, 30 август 1973
Замолотова Галина, 9 января 1953
Зоркина Ана, 10 март 1984
Зоркина Ана, 18 август 1986
Зуева Марина, 12 февруари 1990
Иванова Ираида, 22 мај 1938
Иванјук Галина, 28 декември 1957
Ивлева Марина, 10 јануари 1971
Ивлева Марија, 7 септември 2000
Иларионова Александра, 14 август 1987
Јоргенс Елена, 4 октомври 1971
Иштенко Ирина, 31 јануари 1953
Казак Љубов, 6 ноември 1957
Калинина Евгенија, 5 мај 1951
Калинина Олга,10 декември 1973
Кантсерова Валерија, 21 февруари 1983
Ким Људмила, 4 јули 1975
Кирилова Олга, 11 август 1985
Киселев Анатолиј, 21 август 1983
Клочков Алексеј, 01 јули 1989
Клочкова Светлана, 25 јануари 1989
Ковалева Ирина, 2 септември 1967
Кожемјакеова Екатерина, 19 август 1982
Козлова Љубов, 1 јули 1963
Кондрашкова Марина, 12 ноември 1990
Коноирова Елена, 16 јануари 1985
Копилов Александар, 23 јули 1953
Коренко Људмила, 7 април 1954
Кочкин Антон, 29 јануари 1967
Краснова Јулија, 15 јуни 1992
Кротов Александар, 12 април 1979
Крилов Михаил, 4 јануари 1982
Крилова Кристина, 18 ноември 2005
Крилова Светлана, 6 мај 1985
Кузнецова Наталија, 5 февруари 1986
Куликова Јулија, 16 јануари 1990
Курбатова Татјана, 29 август 1967
Куркаедова Ирина, 27 октомври 1955
Лајшева Надежда, 17 јануари 1991
Лапшина Вера, 1 септември 1946
Лушенко Нина, 8 јули 1955
Максимов Александар, 7 октомври 2000
Максимова Марија, 1 јануари 1974
Масленникова Јулија, 5 март 1988
Мелникова Елена, 27 октомври 1962
Милер Тимур, 22 март 1982
Михајлов Игор, 26 август 1978
Михајљкова Валентина, 18 март 1955
Мнацаканов Леонид, 07 ноември 1975
Мовчанов Владислав, 29 јули 1984
Мовчанова Лилија, 14 јуни 1991
Мозгина Алиса, 14 мај 2014
Мозгина Љубов, 22 декември 1975
Мојсеева Алена, 22 август 2010
Мојсеева Елена, 18 април 1976
Мокиевскаја Татјана, 23 мај 1988
Мурашова Екатерина, 05 ноември 1983
Најок Максим, 8 април 1988
Николаева Екатерина, 21 март 73
Огородова Ксенија, 9 февруари 1982
Орлеанскаја Ирина, 20 јануари 1988
Орлеанскиј Дмитриј, 27 ноември 1984
Осипов Захар, 6 мај 2007
Осипов Илија, 4 февруари 1980
Осипова Наталија, 21 февруари 1962
Павлова Ирина, 23 септември 1963
Павлова Олга, 24 септември 1973
Панина Александра, 30 март 1990
Панина Татјана, 30 декември 1959
Пахар Ана, 11 јули 1990
Пикалева Ирина, 15 март 59
Пилипа Александра,21 јануари 1968
Подлевских Марија, 20 март 1975
Пономарева Надежда, 17 јануари 1974
Прусакова Светлана, 20 декември 1957
Прјаников Евгениј, 3 февруари 2004
Пукхаева Елена, 26 април 1963
Пуљанов Роман, 13 ноември 1985
Пјаточенко Нелја, 20 јануари 1963
Радлевич Александар, 4 јануари 1956
Радлевич Ала, 2 јули 1959
Родина Елена, 1 ноември 1980
Ростенко Наталија, 8 јануари 1959
Савелев Павел, 6 јули 1975
Сагдатулина Наталија, 5 март 1964
Сакерин Илија, 31 мај 1990
Сакерина Влада, 11 септември 1992
Салахбеков Даниил, 16 мај 2001
Салахбекова Диана, 31 март 2006
Сачук Владимир, 17 јуни 1989
Сајапин Алексеј, 23 септември 1970
Саяпина Наталија, 24 октомври 1975
Севрјукова Викторија, 22 јануари 1991
Семаков Алексеј, 8 октомври 1979
Семакова Оксана, 23 септември 1975
Семенов Александар,10 мај 1966
Серадзинскиј Роман, 5 јуни 1987
Сергеев Алексеј, 19 март 1951
Сергеев Генадиј, 3 ноември 1955
Сергеева Елена, 29 мај 1953
Сергеева Софија, 14 март 1953
Симанова Маргарита, 26 април 1962
Скородумов Виктор, 11 август 1951
Скородумова Људмила, 19 септември 1953
Смирнов Јуриј, 12 септември 1960
Смирнова Вера, 16 септември 1941
Смирнова Ирина, 30 април 1966
Смоленкова Татјана, 27 април 1952
Соколова Ирина, 20 мај 1986
Соловьева Татјана, 10 јуни 1957
Сологубова Евгенија, 12 јануари 1990
Статская Анастасија, 27 април 1992
Тарасов Александар, 19 јули 1953
Тарасова Лариса, 23 октомври 1954
Терехина Галина, 14 ноември 1959
Тимошенко Андреј, 20 мај 1975
Тихомиров Алексеј, 22 мај 1981
Тихомирова Анастасија, 3 јули 1987
Тишинскаја Ана, 2 октомври 1988
Томина Елена, 1 септември 1969
Усатова Ирина, 13 февруари 1972
Утесов Кирил,15 март 1999
Федорков Михаил, 7 септември 1988
Федоров Федор, 17 февруари 2010
Федорова Елена, 7 јануари 1975
Федорова Татјана, 08 декември 1979
Харитонов Леонид, 5 април 1971
Харитонова Анастасија, 5 ноември 2001
Харитонова Оксана, 17 август 1971
Хмелевскиј Дмитриј, 10 јули 1989
Хусаинова Елена, 2 јануари 1967
Чернова Александра, 2 март 1996
Шарова Ирина, 22 јули 1977
Шеин Јуриј, 1 април 1977
Шеина Анастасија, 7 март 2012
Шеина Олга, 10 мај 1985
Шилер Дарја, 23 јули 1983
Шихина Екатерина, 31 март 1990
Шишкина Марија, 21 септември 1987
Шулгинов Евгениј, 8 февруари 1979
Шулгинов Кирил, 4 мај 2012
Шулгинова Олга, 13 октомври 1980
Шурко Наталија, 29 август 1971
Јавсин Евгениј, 2 март 1994
Јавсина Елисавета, 12 август 1970
ЈасменкоТатјана, 15 јули 1983
Јацкова Дарја, 23 септември 1995
Упокој ги, Господи, душите на Твоите упокоени чеда…
Извор: Санкт-Петербургская православная духовная академия
Преземено од: Преспанско-пелагониска епархија