Се претстави пред Господа митрополитот Видински г. Дометијан (25.09.2017 14:02)
Официјалниот сајт на Бугарската Патријаршија со длабока скрб соопштуваа дека денес, 18.09.17 г., после продолжително боледување, се престави пред Господа Неговото Високопреосвештенство, Видинскиот митрополит Дометијан.
Световното име на митрополит Дометијан е Димитар Попвасилев Топузлиев. Роден е на 11.11.1932 г. во с. Хасовица, Смолјанско. По завршувањето на основното образование, есента 1947 г. е примен за ученик во Пловдивската духовна семинарија, обединета од есента на 1950 г. со Софиската и преместена при станицата Черепиш, каде што го завршува курсот во 1952 г. Од крајот на истата година е студент во Духовната академија „Св. Климент Охридски“ во Софија, што ја завршува во 1956 г. На 14.01.1959 г. во моглишкиот манастир „Св. Николај“ е потстрижен во монаштво со името Дометијан, од Старозагорскиот митрополит Климент под духовното старчество на архимандрит Панкратиј (покасно Старозагорски митрополит). На 10.03. и. г. во старозагорскиот катедрален храм „Св. Димитриј“ е ракоположен во јероѓаконски чин од митрополит Климент и е назначен за епархиски ѓакон, проповедник и певец при храмот „Св. Богородица“ во гр. Стара Загора.
Од почетокот на м. септември 1959 г. до 1962 г. јероѓакон Дометијан е на богословска специјализација во Московската духовна академија. Таму, на 18.07.1962 г., во академискиот храм, со благословението на Св. Синод на БПЦ е ракоположен во јеромонашки чин од Рускиот патријарх Алексиј (за време на сослужението со Бугарскиот патријарх Кирил). Вратен во Родината, од 01.01.1963 г. е назначен за протосингел на Великотрновската митрополија, којашто должност ја исполнува до крајот на м. февруари 1967 г. Како таков на 04.12.1963 г. во великотрновскиот катедрален храм „Рождество Богородично“ е возведен во архимандритско достоинство од Великотрновскиот митрополит Стефан. Од 10.03.1967 г. архимандрит Дометијан е на научна специјализација во Монашкиот центар во Тезе, Франција, а од м. октомври истата година и во Босеј, Швајцарија. Од м. февруари до м. август 1968 г. слуша лекции во Богословскиот факултет во Лозана, а од м. август 1968 г. до м. август 1969 г. стажира на јазична специјализација во Лондон и Оксфорд, а заедно со тоа слуша лекции и во колеџот „Кадестон“. Од 01.09.1969 г. до 01.11.1970 г. тој е протосингел на Софиската митрополија, а од 01.11.1970 г. е назначен за главен секретар на Св. Синод, каде останува до 01.03.1979 г. Како таков на 15.12.1974 г. в Патријаршиската катедрала „Св. Александар Невски“ е хиротонисан во епископски чин со титлата „Знеполски“. Од 01.03.1979 г. епископ Дометијан управува со бугарската Акронска епархија в САД, којашто функција ја зазема до м. март 1983 г. По враќањето во Бугарија, од 01.04.1983 г. до м. јули 1987 г. е викар на Софискиот митрополит. На 26.07.1987 г. е избран, а на 02.08. и. г. е и канонски утврден за Видински митрополит.
Бог да го прости! Вечен и блажен споменот да му биде!