Цветници прославен во Нинивската долина
 
 
 
 
 

Цветници прославен во Нинивската долина (31.03.2018 11:35)

Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, свечено беше прославено во Карадош, град кој се наоѓа на северната страна во Нинивската долина. Овој крај три години го држеа исламисти додека не беше ослободен во октомври 2016 година. Прославата за Воскресението Христово оваа година за првпат ќе биде одбележана по бегството на христијаните од него во 2014 година. Оттогаш, околу пет илјади семејства се вратиле во градот во кој некогаш живееле педесет илјади христијани. Тие сега го обновуваат градот и го поправаат тоа што исламистите го разрушиле.

На Цветници илјадници христијани излегоа по улиците на овој град, држејќи палмови и маслинови гранчиња, и пеејќи црковни химни. Беше отслужена и Света Литургија на отворено, пред црквата на свети Јован.

Извор: worldwatchmonitor.org