Филипинците, пред Велигден, за три недели изградија православен храм со сопствени раце (16.04.2018 09:46)
Членовите на православната заедница од Филипините, поточно од островот Минданао, го пресретнаа празникот Воскресение Христово во нов храм, којшто го изградија со сопствени раце. Парохјаните ја издигнаа црквата само за три седмици, во којашто подоцна ја отслужија традиционалната празнична пасхална Литургија.
Православната заедница на Филипините е под јуриздикција на Московската Патријаршија. Во текот на 2015 година, 187 римокатолици ја примија православната вера и така ја формираа својата заедница, кон која минатата година се приброија уште 19 нови членови.
Пасхалната Литургија беше отслужена на црковнословенски и англиски јазик, како и на себуано – регионален јазик што го зборуваат околу 21 милион луѓе на Филипините.