Предметот „Религија“ ќе се изучува во сите училишта во Видин (10.05.2018 16:57)
Од почетокот на новата учебна година, во Видинските училишта и детски градинки ќе започне изучувањето на предметот „Религија и Православие“, соопштија на заедничката прес- конференција градоначалникот на Видин, Огнен Ценков, Видинскиот Митрополит Даниил, богословот и учител по „Религија и Православие“ во општина Ќустендил, Ивелина Николова, и раководителката на РУ на образованието, Веселка Асенова.
Иницијативата за застапеноста на „Религија и Православие“ во училиштата на Видин е на Митрополит Даниил. На средбата со директорите на училишните институции и детските градинки, тој ја истакна неопходноста од изучувањето на предметот во училиштата, а најави и средби со родителите на децата уште на самиот почеток од новата учебна година, на кои ќе им биде разјаснета формата и содржината на предметот.
„Предметот Религија и Православие се изучува во училиштата и детските градинки во неколку општини на соседна Бугарија. Тоа се градовите: Ќустендил, Петрич, Русе, Бургас, Пловдив, Софија и Варна“, истакна Ивелина Николова.
извор: dobrotoliubie.com