Осветен нов православен храм во Конго, Африка
 
 
 
 
 

Осветен нов православен храм во Конго, Африка (10.05.2018 17:07)

Во недела, на 6 мај, кога Црквата ја одбележува Неделата на Самарјанката, во Бразавил, Конго, беше осветен нов православен храм, посветен на самарјанката света Фотина.

Чинот на осветувањето на новата црква беше извршен од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Бразавил и Габон, г. Пантелејмон, во сослужение на парохиските свештеници. На богослужбата молитвено учество зедоа и претставници на градската управа, како и повеќе верници.