Игуменот на Ватопедскиот манастир на Света Гора ја замоли Владата на Кипар да не ги легализира абортусите
 
 
 
 
 

Игуменот на Ватопедскиот манастир на Света Гора ја замоли Владата на Кипар да не ги легализира абортусите (17.05.2018 14:09)

Игуменот на Ватопедскиот манастир на Света Гора, архимандрит Ефрем, испрати писмо до Кипарскиот парламент, во кое ја повикува Владата на островот да не ги легализира абортусите.

Абортусот е забранет на Кипар, но сега се размислува да се промени законот, откако Европскиот парламент најави пред претставници на Кипарската влада дека забраната за абортусот се смета за нарушување на правата на жените во Европската унија. Православната Црква не го поддржува тоа гледиште, затоа што човекот е жив, создаден според образ и подобие Божјо – од самото зачнување.

            „Лишувањето од правото на живот на нероденото дете е еден од најжестоките престапи што една мајка може да го изврши“, пишува архимандрит Ефрем.

            Тој забележува дека решението на парламентот во Кипар може да предизвика проблеми од национален и демографски карактер, кое ќе доведе до пад на наталитетот. Светогорскиот игумен ја повикува Владата уште еднаш да го разгледа проектот, но и покрај тоа, официјално беше објавено дека писмото на архимандрит Ефрем нема да биде примено.

            „Потребно е макотрпно да се работи и човек да даде сè од себе за да живее според црковните одредби, ако сака сериозно да се бори против абортусот. Денес, луѓето многу лесно се убиваат еден со друг – родители си ги убиваат децата. Ние на Света Гора се молиме, но на луѓето треба и да им се објасни дека абортусот е ужасно убиство. Голема одговорност паѓа врз оние што ги дозволуваат абортусите. Абортусот е забранет во муслиманските земји. Но, за жал, во нашите земји, каде што ја чуваме вистината на Православието, истиот е легализиран – и тоа е многу жално. Затоа, сите мора да се бориме со убиството наречено абортус“, пишува тој.

извор: orthochristian.com