Се упокои во Господ о. Мина (Добзеу)
 
 
 
 
 

Се упокои во Господ о. Мина (Добзеу) (13.06.2018 16:57)

Архимандрит Мина (Добзеу) се упокои во Господ на 8 јуни 2018 година, во неговата ќелија, во манастирот посветен на светите апостоли Петар и Павле, во Хуши, североисточна Романија, близу до границата со Молдавија.

Старец Мина се родил на 5 ноември 1921 година, во едно село во Бесарабија. Бил едно од седумте деца. На 13-годишна возраст стапил во манастирот Ханку, во 1934 година, каде што останал до 1938 година. Потоа бил испратен во манастирот Калдарушани на две години за да учи вајарство. Се вратил во 1940 година, кога земјата веќе била под советска окупација. Подоцна се борел на фронтот кај Темишвар, а потоа и во Унгарија.

По војната четири години учел црковно пеење, а потоа пет години учел во семинаријата во манастирот Њамц, а во Букурешт четири години студирал богословие. Во 1946 година бил замонашен во скитот Брадикешт, а во 1955 година бил ракоположен за јеромонах.

Во периодот 1948 – 1949 година бил притворен единаесет месеци поради неговото протестирање поради укинувањето веронаука во училиштата, а потоа пет години бил во домашен притвор. По една деценија бил избркан од факултетот за православно богословие во Букурешт, бил избркан од неговиот манастир и бил притворен за бунт против укинувањето на манастирите.

Бил затворан во затворите Галац, Жилава, Герла, како и во колонијата крај реката Дунав, каде што продолжил да ја сведочи верата, страдајќи за Христос.

„Бев затворен во една затворска ќелија наречена Црната ќелија. Таму бев една недела во изолација. Немаше стол, имаше многу влага, само вода на подот, кој беше направен од цемент, па затоа стоев по цел ден. Еднаш на ден, во девет часот навечер, ми даваа јадење. Потоа ми даваа кревет, а во пет часот сабајле го земаа“, има изјавено отец Мина.

Во 1946 година бил ослободен и преместен во манастирот посветен на светите апостоли Петар и Павле, во Хуши, во 1969 година, каде што бил игумен од 1978 до 1988 година. Во 1971 година, ги завршил своите студии по богословие во Букурешт.

Во 1988 година поминал уште осум месеци во затвор поради писмата што му ги напишал на Николае Чаушеску во врска со комунистичкиот атеизам.

Во 2017 година, Неговото Високопреосвештенство г. Теофан Митрополит Молдавски и Буковински на отец Мина му го доделил Молдавскиот крст, највисокото одликување на Митрополијата на Молдавија и Буковина, за време на Божествената Литургија во Јаши.

 

Нека му е вечен споменот!

 

Извор: orthochristian.com