Храм кој пловеше повеќе од 500 километри (20.06.2018 16:47)
Параклис во чест на иконата на Мајката Божја „Потрага по загубените“ беше пренесена повеќе од 500 километри по течението на реката Пинега од Архангелск до селото Кулосега, каде што тамошните жители никогаш немале своја црква. Транспортот и инсталацијата на црквата биле организирани од свештеникот Сергеј Корелски.
„Градбата тежи повеќе од 11 тони, а должината е околу 10 метри. Куполата беше расклопена и ставена внатре за полесно транспортирање. Дрвената црква беше натоварена на товарен брод, кој пловеше 95 км по реката Северна Двина и 430 км по Пинега“, отец Сергеј објасни.
Потоа црквата беше преместена со кран од бродот на приколка и беше пренесена до местото каде што ќе се наоѓа во Кулосега. Местото претходно беше подготвено со околу 65 тони песок. Локална компанија го покри поголемиот дел од трошоците.
„Локалните жители... многу се радуваат што ќе можат да се молат и да се причестуваат блиску до дома. Најпосле, најблиската црква во Сосновка е на 15 километри оддалеченост, па дури треба и да се премине реката, а има многу стари луѓе меѓу верниците.“
Кулосега се наоѓа на околу 100 км од општината Карпогори. Селото било изградено во средината на минатиот век кога започнала локалната индустрија за дрвена граѓа. Денес е дом на околу 100 жители. Новопристигнатата црквичка е првата во ова село.
извор: orthodoxchristian.com