Школо на љубовта за најмладите во сирискиот манастир Сејданај
 
 
 
 
 

Школо на љубовта за најмладите во сирискиот манастир Сејданај (27.06.2018 16:49)

Монахињите од манастирот Сејданај се огромен пример за тоа како и во екстремно тешки услови, во какви што сѐ уште се наоѓа нивната земја, не треба да се заборави на една од најважните мисии: работата со најмладите.

„Од Либан бевме бомбардирани, но ние учевме, школото беше речиси на улица, три пати нѐ нападнаа, но слава Му на Бога, немаше жртви. Бог се грижи за нас, нашиот храм го чува“, раскажа игуменијата на манастирот Сејданај, Февронија Набхам.

Како поддршка за оваа благородна мисија, руските воени сили им предадоа голема хуманитарна помош на сестрите од Обителта.

Според настојателката на манастирот, игуменијата Февронија Набхам, во овој период од годината децата од манастирот изучуваат француски и англиски јазик. Освен тоа, тие ја проучуваат и Библијата, за нив се организираат и креативни работилници и спортски активности. Постарите ученици, пак, се подготвуваат за испити. Настојателката исто така истакна дека за време на конфликтот, територијата на манастирот била бомбардирана од северната страна, но часовите за деца продолжиле, а жителите од соседното населено место, на секаков можен начин го помагале манастирот: принесувале храна, но и финансиска помош.

Ваквите нивни пожртвувани активности би требало да нѐ поттикнат на размислување, дека денес во слободна и демократска атмосфера, нема да имаме никакво оправдување доколку не се потрудиме околу религиозното, односно моралното воспитание на нашите деца. Зашто, нема да одговараме само за она што сме погрешиле, туку и за тоа што сме можеле да го направиме, а не сме го направиле.