Манастирот „Света Текла“ во Малула, Сирија, повторно е отворен
 
 
 
 
 

Манастирот „Света Текла“ во Малула, Сирија, повторно е отворен (14.08.2018 14:39)

Православниот манастир „Света Текла“ во Малула, Сирија, повторно е отворен по ослободувањето на градот во провинцијата Дамаск.   Монахињите, кои беа принудени да го напуштат манастирот за време на војната, сега се вратија во манастирот. „Малула оживе, Црквата оживе – видете колку многу туристи имаме! Реконструкцијата е речиси готова. Сирија постепено станува мирна земја. Како да не се радува човек!“ – воскликна о. Илија.

Малула беше ослободен во 2014 година, а потоа започна реставрацијата на градот и на манастирот.

Манастирот „Света Текла“ е културно наследство под заштита на УНЕСКО. ИСИС го освои малиот град Малула на 5 септември 2013 година, ограбувајќи ги христијаните и зградите, разорувајќи ги сите свети места во градот. Три илјади луѓе го напуштија градот, а останаа само муслимани и четириесетте монахињи во истоимениот манастир, од кои дванаесет беа киднапирани од ИСИС во декември 2013 година, а беа ослободени во март 2014 година.

извор: http://interfax-religion.ru