Старец Амфилохиј Макрис вброен меѓу светиите
 
 
 
 
 

Старец Амфилохиј Макрис вброен меѓу светиите (07.10.2018 13:23)

На седницата на Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија, под претседателство на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, одлучи да го вброи меѓу светиите старецот Амфилохиј Макрис. Во одлуката се вели:

„По излагањето на Канонската комисија, се вбројува во диптихот на Светиите на Православната Црква Архимандритот Амфилохиј Макрис, што се подвизуваше во Патмос и разви големо духовно и корисно дело на Додеканисос, Крит и на други места, кој беше Игумен на историската Света Обител на Свети Јован Богослов и патријаршиски егзарх на Патмос, а ја основа и женската Света Обител на Благовештението на истиот остров.“

***

Старец Амфилохиј Макрис е роден на 13 февруари 1889 во Патмос. Бил потстрижан за монах на 27 август 1906 година во Светата Обител на Свети Јован Богослов. Бил чреден јеромонах на истата Обител од 1920 до 1926 година, а од 1926 до 1932 бил претстојател на Свештената Пештера на Откровението. На 14 ноември 1935 е избран за Игумен на Светата Обител, а во 1937 го основа женскиот манастир на Благовештението. Се упокои во Господа на 16 април 1970 година и е погребан на гробиштата на Светата Обител на Благовештението.