Затворен пештерски манастирски комплекс во Грузија (24.10.2018 18:42)
Едно од најголемото духовно богатство на Грузија е затворено поради закана од рушење.
Манастирскиот пештерски комплекс Ванис Квабеби, историски споменик од 8 век, кој се наоѓа во областа Самцхе-Џавахети, блиску до градот Аспиндза во Јужна Грузија, некое време ќе биде затворен за посетители.
Иако одвреме-навреме има одрони во комплексот, ризикот се зголемува поради честите дождови. Поради тоа, донесена е одлука комплексот да се затвори за посетители, бидејќи постои голем ризик целиот комплекс да се сруши.
Овој комплекс датира од 8 век и е пример од грузиската архитектура, со 19 нивоа. Порано во комплексот имало 3 цркви, но само две опстанале до денес. Најстарата датира од 8 век, а втората, посветена на светиот великомаченик Георгиј, потекнува од 9-11 век. Манастирот бил основан од монахињи и бил познат по нивниот строг подвижнички живот, и сè уште е познат по неговиот строг типик.
Извор: Orthochristian.com