Избор на Поглавар на Православната Црква во Украина
 
 
 
 
 

Избор на Поглавар на Православната Црква во Украина (19.12.2018 15:39)

На 15 декември 2018 година, на Обединувачкиот собор, Украинската Автокефална Православна Црква и Украинската Православна Црква – Киевска Патријаршија, заедно со Митрополитите од Украинската Православна Црква – Московска Патријаршија се обединија во Православна Црква во Украина. Митрополитот г. Епифаниј беше избран за нов Митрополит на Киев и цела Украина.

Соборот се одржа во храмот „Света Софија Киевска“, во украинскиот главен град, под претседателство на Митрополитот на Франција г. Емануил, од Вселенската Патријаршија. Присуствуваа и претседателот на Украина, г. Петро Порошенко, и претстојателот на Украинската Православна Црква – Киевска Патијаршија, г. Филарет (Денисенко).

На изборот присуствуваа и двајца егзарси на Вселенската Патијаршија во Киев – Архиепископот г. Даниил и Епископот г. Иларион, како и претстојателот на досегашната Украинска Автокефална Црква, г. Макариј. Од Украинската Православна Црква – Московска Патријаршија, меѓу претставниците, присуствуваа Митрополитот Виницки г. Симеон и Митрополитот Адријанополски г. Амфилохиј, патријаршиски егзарх во Грција.

           Митрополитот г. Епифаниј, Поглаварот на Православната Црква во Украина, е роден 1979 година, а дипломирал на Киевската богословска академија и на Атинскиот философски факултет. Во 2008 година бил ракоположен за ѓакон и свештеник од Патријархот Киевски г. Филарет (Денисенко). Хиротонисан е за епископ во 2009 година, а во 2013 година е возведен во чин митрополит.

 

Извор: https://www.cerkva.info/posts/u-kyievi-rozpochavsia-obiednavchyi-sobor-ukrainskoho-pravoslavia