Патријархот Вартоломеј му го предаде Томосот на Митрополитот Киевски Епифаниј (06.01.2019 16:28)
„Светата Велика Христова Црква денес дејствува без никаква корист или цел, туку само за единството на украинскиот народ“, забележа Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј кратко пред да го додели Томосот за автокефалија на Украинската Црква.
Патријархот г.г. Вартоломеј, откако се осврна на историските настани при основањето на Киевската црква, забележа дека и во Уставот на Украина, составен во 1710 година, е предвидено дека Православната Црква во Украина треба да остане под Сесветиот Апостолски Престол во Константинопол. Тој побара од петнаесеттата автокефална Црква да не го прима овој Томос за автокефалија како симбол на власт, туку како показател на љубов. Тој ги поттикна Украинците да се борат за единството и за мирот.
Веднаш потоа тој му го предаде Томосот за автокефалија и пастирскиот жезол на Блаженејшиот Митрополит Киевски и на цела Украина г.г. Епифаниј, извикувајќи „Достоен“.
На заедничката патријаршиска Божествена Литургија беа присутни претседателот на Украина Петро Порошенко, како и претставникот на Грчката Влада, алтернативниот министер за надворешни работи, Маркос Боларис.
Избор: bigorski.org.mk