Грузиската Црква порасна од 30 на 2.000 цркви под раководство на Патријархот Илија
 
 
 
 
 

Грузиската Црква порасна од 30 на 2.000 цркви под раководство на Патријархот Илија (10.01.2019 15:39)

На 25 декември беше одбележана 41-годишнина од востоличувањето на Неговата светост Илија II за Патријарх на цела Грузија во 1977 година, на старост од 44 години, под чие раководство Грузиската Црква доживеа огромен пораст.

            Настанот беше прославен со Божествена Литургија во соборната црква „Светицковели“, во древната грузиска престолнина Мцхет. Членови на светиот синод сослужуваа на Литургијата заедно со Патријархот Илија, а на службата присуствуваа претседателот на Грузија, Саломе Зурабишвили, и премиерот Мамука Бахтадзе. Во својот поздравен говор, премиерот ги истакна големите достигнувања на Патријархот.

            „Сакам да им честитам на сите православни – денес е 41-годишнина од востоличувањето на Патријархот Грузиски“, рече тој. „За време на овој период, многу манастири и цркви беа изградени и обновени. Ова навистина е невиден период на обновување на историјата во Грузија. Би сакал искрено да му се заблагодарам на Патријархот за неговиот придонес.“

            Според Kavkaz Online reports, за време на востоличувањето на Патријархот Илија, имало само 15 епархии и 30 живи цркви после комунистичките прогони. Денес постојат 47 епархии и околу 2.000 активни парохии, како и 3.000 свештени лица.

            Патријархот Илија е најсаканиот човек и човекот кому најмногу му веруваат во Грузија.

извор: http://orthochristian.com