Две групни крштевки во Конго
 
 
 
 
 

Две групни крштевки во Конго (13.01.2019 15:35)

Голем духовен настан се случи на Бадник во Александриската Патријаршија, бидејќи 72 катихумени беа крстени во Православната Црква преку Светата Тајна Крштение.

Службата на 24 декември 2018 година ја одржа г. Пантелејмон, Митрополит на Бразавил и Габон, во соборната црква посветена на свети Димитриј во Пуант-Нуар, Конго.

Уште една групна крштевка се одржа неколку дена подоцна. На 29 декември 2018 година 45 луѓе од различна возраст беа крстени во црквата посветена на света Ирена, во градот Долси, исто така, од страна на Митрополитот г. Пантелејмон.

Групните крштевки се редовна појава во Александриската Православна Црква. Митрополитот Пантелејмон одржа групна крштевка во реката Конго, во април минатата година, а пред тоа г. Мелетиј, Митрополит на Катанга, крсти 556 луѓе, во јануари минатата година.

Митрополитот Пантелејмон неодамна ја освети црквата посветена на света Фотина во Пуант-Нуар, која е трета црква во градот. Соборната црква посветена на свети Димитриј, каде се одржуваат групните крштевки, сè уште е во изградба.

извор: http://orthochristian.com