Албанскиот Архиепископ ја направи најмодерната болница во Тирана
 
 
 
 
 

Албанскиот Архиепископ ја направи најмодерната болница во Тирана (15.02.2019 18:16)

Албанската Православна Црква веќе дваесет години управува со еден од најмодерните медицински центри во Албанија, во кој од 1999 година досега поминале повеќе од 1,5 милиони пациенти, без разлика на нивната вероисповест.

Една од првите работи кои Албанскиот Архиепископ Анастасиј сакал да ја направи откако во 1992 година е назначен на тронот на Албанската Црква е токму создавање на медицински центар за грижа на албанските граѓани, христијани и нехристијани, пишува отец Илија Макос во статија објавена во грчките медиуми.

Две години подоцна Архиепископот Анастасиј ја основал првата православна клиника во Тирана, која го носи името на Светиот евангелист Лука. Во 1999 година, таа прераснала во најмодерниот православен дијагностички центар и оттогаш повеќе од 1,5 милиони луѓе, или месечно по околу 6000 поминале низ него.

Во 2000 година, еден американски хирург го формирал и првото хируршко одделение во овој медицински центар.

Во меѓувреме, Албанската Црква основа и во други градови помали вакви медицински центри од повеќе области на медицината.

 

Извор: Религија.мк