350 луѓе и 47 пастори се крстени во Православната Црква во Индија
 
 
 
 
 

350 луѓе и 47 пастори се крстени во Православната Црква во Индија (14.03.2019 12:04)

Неодамна, неколку стотици луѓе беа крстени во Православната Црква во Индија, вклучувајќи и 47 поранешни протестантски пастори.

            Групата проповедници, која се состои од о. Атанасиј Коун, свештеник во парохијата „Пресвета Богородица Иверска“ во Хаваи, каде што се наоѓа мироточивата Хавајска Иверска икона, о. Ефрем, поранешен член на братството на манастирот „Свети Антониј“ во Аризона, а денес во скитот „Свети Нил“, во Алјаска, о. Георгиј Максимов од Москва, сестра Параскева од скитот „Свети Нил“, како и сестра Јоана и Анастасија од Москва, поминаа две недели во Индија, проповедајќи и поучувајќи за православната вера, и крстија 350 луѓе во Православие.

 

   

                        извор: http://orthochristian.com