Литија во Солун
 
 
 
 
 

Литија во Солун (31.03.2019 16:37)

Во втората недела од Великот пост, посветена на свети Григориј Палама, во митрополитскиот храм во Солун, Грција, посветен на овој светител, беше отслужена свечена Божествена Литургија. По Литургијата беше одржана традиционална литија со моштите на свети Григориј Палама низ главните улици на градот. Во литијата, освен духовници и мирјани, учество зедоа  и официјални лица, стопанственици, воени одреди и воен оркестар.

Свети Григориј Палама, моли Го Бог за нас!

 

Извор: Двери.бг