Групна венчавка во Грузија
 
 
 
 
 

Групна венчавка во Грузија (17.05.2019 18:38)

Повеќе од 500 парови кои веќе имаат оформено семејство, но не биле венчани, неодамна учествуваа во групна венчавка во Грузија.

Богослужбата се одржа со благослов на Неговата Светост, Илија II, Патријарх на цела Грузија. Подготовките за церемонијата ги направи Грузиското здружение „Чохонецев“, основано од Грузиската Патријаршија за зацврстување на традиционалното семејство.

Само во соборната црква „Света Троица“, во Тбилиси, беа венчани повеќе од 120 парови.

 

извор: http://orthochristian.com