Пронајдена древна крстилница во Витлеемскиот храм (02.07.2019 18:52)
Во текот на реставрацијата во црквата посветена на Рождеството Христово во Витлеем, при реставрирањето на крстилницата во јужниот ходник на црквата беше пронајдена уште една постара крстилница, скриена во постоечката осумаголна крстилница, направена од ист камен како и столбовите на Црквата. Ова откритие ќе помогне во понатамошното расветлување на историјатот на оваа црква и нејзините археолошки артефакти. Во иднина се очекува трите цркви што се одговорни за црквата на Рождеството Христово да го извршат реставрирањето на Витлеемската пештера, каде бил роден Христос.
преземено од: bigorski.org.mk