Патријархот Грузиски Илија крсти 777 деца во 58-та групна крштевка
 
 
 
 
 

Патријархот Грузиски Илија крсти 777 деца во 58-та групна крштевка (21.07.2019 19:02)

Неговата Светост Патријархот Илија, возљубениот духовен отец на цела Грузија, ја изврши 59-та групна крштевка во соборната црква посветена на Света Троица, во Тбилиси, на празникот на светите маченици Козма и Дамјан.

Овојпат Грузискиот Патријарх стана кум на 564 деца, а досега вкупно има крстено 39.242 деца.

По крштевањето, Неговата Светост ги благослови сите негови нови кумашинчиња и на секое дете му беше дадено крстче.

„Бог е со нас. Ви честитам за овој радосен ден. По милоста Божја, денес крстивме повеќе од 500 деца. Се молам Бог секогаш да ги заштитува“, рече Патријархот Илија.

Со првата групна крштевка на 19 јануари 2008 година, Патријархот Илија ја започна оваа иницијатива за да помогне да се поправи страшната демографска криза во Грузија, предизвикана од честите пост-советски абортуси.

Вакви крштевки се одржуваат четирипати годишно, а Патријархот лично ги крштева и станува кум на третото или на подоцнежните деца родени во православни семејства.

извор: http://orthochristian.com