Избран нов игумен на манастирот „Свети Јован Крстител“ во Есекс
 
 
 
 
 

Избран нов игумен на манастирот „Свети Јован Крстител“ во Есекс (08.08.2019 13:59)

Манастирот „Свети Јован Крстител“ во Толшант Најтс, близу Есекс, Англија, е најстарата православна монашка заедница во таа земја. Бил основан во 1958 година од Старец Софрониј (Сахаров), духовно чедо на преподобен Силуан Атонски.

Старец Софрониј беше игумен на манастирот до неговото упокојување во 1993 година.

После него, игуменското место го наследи архимандрит Кирил, кој неодамна се повлече од тоа место поради болест. Поради тоа, повеќе од една година тој не можеше да служи Литургија.

За нов игумен е избран о. Петар (Врицас), ученик на Старец Захариј (Захариу), кој пак, бил еден од најблиските ученици на Старец Софрониј.

Новиот игумен е роден во Грција, во 1977 година. Стапил во манастир во 2002 година, на 25 години. Неодамна беше издадена неговата докторска дисертација за тајната на примањето и предавањето на словото Божјо во списите на Старец Софрониј.

извор: http://orthochristian.com