Процесот за канонизација на Старец Софрониј (Сахаров) е во тек
 
 
 
 
 

Процесот за канонизација на Старец Софрониј (Сахаров) е во тек (29.10.2019 13:17)

Неодамна, по објавувањето на канонизацијата на четворицата велики светогорски Старци, беше објавена вест дека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ја објави канонизацијата на уште еден велик Старец – Софрониј (Сахаров) од Есекс.

Но, за жал, канонизацијата не е официјално објавена, а Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, пред светата заедница на Света Гора, објави дека Константинополската Патријаршија ќе продолжи да ги проучува животот и поуките на Старец Софрониј за и тој наскоро да биде канонизиран.

Старец Софрониј (1896 – 1993) бил духовно чедо и житописец на великиот преподобен Силуан Атонски, и основач на манастирот „Свети Јован Крстител“ во Есекс, Англија.

извор: https://orthochristian.com