Грузиската Патријаршија организираше округла маса за опасноста од игрите на среќа
 
 
 
 
 

Грузиската Патријаршија организираше округла маса за опасноста од игрите на среќа (05.02.2020 20:29)

Во Грузиската Патријаршија беше организирана втора по ред округла маса на духовници и експерти, посветена на општествените опасности од сè популарните игри на среќа. Целта на средбата беше да се разработи стратегија за намалување на тешките последици од учествувањето во игри на среќа, кое ги разнебитува семејствата и самата личност. Разгледани беа мерки на претпазливост кај зависност од хазардни игри кај млади лица. Според организацијата „Мајките против коцкањето“, секој петти млад Грузиец е зависен од хазардни игри, а 90% од младите на 17-годишна возраст се коцкаат. Приходите од коцкање ги надминуваат приходите од банкарскиот сектор.

            Според податоците на Патријаршијата, 400.000 семејства пострадале од коцкање во државата. „Проблемот е многуобразен и неопходно е исто такво комплексно решение. Статистичките податоци, со кои располагаме, се многу лоши, вклучувајќи ги и самоубиствата, и ако не го сопреме овој бизнис навреме, може да очекуваме катастрофални резултати во блиска иднина за нашата земја. Беа презентирани редица интересни иницијативи за прилагодување на меѓународното искуство на грузиската дејствителност“, изјави отец Андреј Цакмаиџе, задолжен за односи со јавноста на Светиот синод.

            На средбата, организирана од Грузиската Патријаршија и УНИЦЕФ, учествуваа и претставници на министерството за финансии и министерството за образование, Светската здравствена организација и др. Грузиските духовници обрнаа особено големо внимание на неопходноста од вдомување на младите, кои бараат лесен и брз начин за печалење пари, и на тој начин стануваат жртва на една зависност, која го уништува целиот нивен живот.

 

Извор: dveri.bg