Албанската Православна Црква потрошила околу 10 милиони евра за обнова на 63 цркви од 1991 година
 
 
 
 
 

Албанската Православна Црква потрошила околу 10 милиони евра за обнова на 63 цркви од 1991 година (08.03.2020 19:25)

И покрај финансиската криза, Албанската Православна Црква активно ги обновува своите цркви кои се во урнатини од времето на комунистичкиот режим од минатиот век.

Според извештајот на Албанската Православна Црква, од 1991 до 2019 година целосно биле обновени 63 цркви и манастири, а десетици нови цркви биле изградени, не секогаш во лесни околности, во вредност од 10 милиони евра. Многу од обновените цркви претходно биле користени како магацини, театри, сали за концерти итн.

И покрај недостигот од финансиски средства на почетокот, луѓе и организации од целиот свет почнале да донираат за оваа цел, поттикнати од ревносниот труд на Архиепископот на Тирана и Албанија, г. Анастасиј.

Методите на реконструкција и материјалите биле внимателно одбирани за да се зачува иконописот и изворната архитектура на црквите. Во 2001 година била основана Организација за културно наследство на Православната Црква, чија цел била да се обноват црквите, иконописот и литургиските објекти.

извор: orthochristian.com