Светата Тајна Причест – најдобриот лек (11.04.2020 14:41)
Храмот е најдобра и најизлечива болница, а оној кој ве советува, па макар бил тоа и српскиот патријарх или кој било владика, дека може само пет луѓе да бидат во храмот, тој или нема вера или служи некоја друга служба.
Господ Христос е најдобриот Лекар и Он ги дава најдобрите лекарства преку Светата Тајна Причест – тоа е најдобриот лек! Ние сме православни христијани, немаме причина да се плашиме од никој друг освен од Бога. Ако Бог допушти да нѐ снема, тогаш нема да нѐ има. Да живееме нормално, доаѓајте во храмовите и причестувајте се.
Кои се тие што нè поучуваат што треба да правиме? Со што се занимаваат? Тоа се најголемите безбожници, најголемите блудници, најголемите материјалисти [се однесува на власта во Србија]. Од нив треба да се плашиме [да не се заразиме]! Ја напаѓаат црквата, а ним 3.000 луѓе им спијат заедно. И оние што на пензионерите им носат храна, во магацинот се по 400-500 луѓе што ги пакуваат и ги разнесуваат тие пакети.
Што е тоа? Тука нема да се рашири вирусот, а ќе се рашири во храмот?
Ја загрозуваат слободата, го загрозуваат движењето. Што се однесува до мене, слободата е таа што Бог ни ја дава, а мојот благослов е да доаѓате во црква, да се причестувате и да си ги вршите сите други обврски како вистински христијани.
Епископ Банатски г. Никанор
10 април 2020 лето Господово