Коментар на Doxologiainfonews во врска со писмото на претседателот на Р. Северна Македонија г. Стево Пендаровски до Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј (22.09.2020 17:17)
1. Согласно 4. и 17. канон од IV Вселенски собор, Вселенскиот Патријарх го има правото да прима апелационо прибегнување од клириците од сета екумена и да доделува автокефалија.
Вселенската Патријаршија е Мајка Црква на Црквата во Северна Македонија.
2. Вселенскиот Патријарх го имал и секогаш го има исклучителното канонско право да го прифаќа или отфрла доставеното барање за Еклитон од архиереите од кој било патријаршиски трон. Еклитон е право што им се дава на Митрополитите во црквите да прибегнуваат кон Фанар, како еден вид Ареопаг на црковното правосудство, бидејќи Православната црква е Една, Света, Соборна и Апостолска, и нејзиниот центар е Фанар. Православните цркви не се 15, 16, според еретичката терминологија на Московската црква. Црквата е ЕДНА.
3. Вселенскиот Патријарх, како Претстојател на Првиот Трон на Православната Црква така и на Мајката Црква, го имал и секогаш го има исклучителното канонско право да го прифаќа или отфрла доставеното барање за Еклитон од архиереите не само од својата канонската јурисдикција, но и од канонската јурисдикција на другите патријаршиски тронови и автокефални Православни Цркви, како што тоа е одредено од едногласното канонско предание и од долгогодишната црковна пракса.
Како што пишува г. Фидас: „Вселенскиот Патријарх го имал и секогаш го има целосното канонското право не само полезно да се грижи за поддршка на Православните Цркви кои се во проблеми и искушенија, туку и обврзувачката канонска должност навреме да ги презема сите неопходни иницијативи за спречување, отстранување и лекување од опасните закани и искушенија во нивното црковно тело.
Бездруго, целата историја на Вселенската Патријаршија, како во благопријатни така и во тешки времиња, претставува навистина едно прекрасно сведоштво за секогаш непристрасната и жртвена предаденост кон сите Православни Цркви кои се во тешкотии.
Следствено, Вселенскиот Патријарх секогаш го имал и го има многу повеќе денес канонското право, или поточно мајчинската должност да ги презема неопходните иницијативи, со или без претходен консензус на сите други автокефални Православни Цркви.
Вселенскиот Патријарх го имал и секогаш го има канонското право да ги прифати во црковната заедница сите шизматични архиереи, не само од неговата црковна надлежност, туку и од надлежноста на другите Патријаршиски тронови, доколку водачот на тие шизматични архиереи се врати канонски во црковната заедница“.