Се упокои во Господ Епископот Рашко-призренски во егзил г. Артемиј (Радосављевиќ) (23.11.2020 12:23)
Во сабота, на празникот на Соборот на свети архангел Михаил, 21 ноември 2020 година, во 14.10 часот, во Ваљево, по кратко боледување, се упокои во Господ Неговото Преосвештенство Епископот Рашко-призренски во егзил г. Артемиј (Радосављевиќ). Во утринските часови преосветениот владика се причести со Светите Христови Тајни.
Светата Заупокоена Литургија, по повод упокојувањето на блаженопочинатиот Епископ Рашко-призренски во егзил г. Артемиј, ќе биде отслужена во понеделник, 23 ноември 2020 година, во манастирот Нова Никеја во Лелиќ, со почеток во 9 часот, а опелото ќе се одржи во 12 часот. Телото на блаженопочинатиот Владика ќе биде изложено во параклисот на манастирот Нова Никеја сѐ до опелото.
Биографија на Неговото Преосвештенство Епископот Рашко-призренски во егзил г. Артемиј.
Бог да го прости и да му подари Царство Небесно!
Извор: eparhija-prizren.org