Се упокои Архиепископот на Кипар, Хризостом II (10.11.2022 11:19)
По долгогодишно боледување, на 7 ноември 2022, се упокои и премина кај Господа претстојателот на Православната Црква на Кипар, Архиепископот г. Хризостом II, на 81-годишна возраст.
Архиепископот на Нова Јустинијана и на цел Кипар се родил на 10 април 1941 година во Тала, во близина на Пафос, Кипар. Таму завршил Основно училиште и веднаш потоа заминал во манастирот на Свети Неофит, каде по Гимназијата и Факултетот во Атина, стигнал до степен Архимандрит и Игумен на истоимениот манастир. Во 1978 година е избран за Митрополит на Пафос, а во 2006 година станува Архиепископ на древната Црква на островот Кипар. Беше достоен Архиепископ и со своето значително и многуплодно архипастирско служење беше светилник на врв планина. Господ Бог да му даде Царство Небесно и вечна наслада во близината на Лицето Божјо со сите Светии.
Вечен и блажен му спомен!