Албанскиот Архиепископ Анастасиј: Велигден ослободува од секаква тага
 
 
 
 
 

Албанскиот Архиепископ Анастасиј: Велигден ослободува од секаква тага (17.04.2023 13:02)

Првиот пресуден збор и совет на Воскреснатиот Христос до верните мироносици, кои итаа кон гробот, беше: „Радувајте се!“ (Мт. 28, 9). Кога Воскреснатиот Христос за првпат им се јавил на своите ученици, евангелистот Јован вели дека тие „се радувале кога Го виделе Господа“ (Јн. 20, 21).

Велигденската радост извира од неизмерната болка што му претходела: предавството, одрекувањето, оставеноста, смртта на крстот. Велигден ослободува од секаква тага. Воскресението Христово ја докажува победата на вистината над лагата, љубовта над омразата, животот над смртта. Воскреснатиот Христос ја уништува секоја трага на адот, ја разнишува моќта на смртта која носи насилство, гордост, неправда.

Од Велигденското послание на Архиепископот на Тирана и цела Албанија, г. Анастасиј