Патријарх Антиохиски Јован: Се враќа заедницата со Ерусалимската Патријаршија – се засилува молитвата и соработката
 
 
 
 
 

Патријарх Антиохиски Јован: Се враќа заедницата со Ерусалимската Патријаршија – се засилува молитвата и соработката (23.10.2023 07:40)

Отците членови на Светиот Синод на Антиохиската Патријаршија, ги упатија своите молитви кон Царот на мирот и Господ на милоста, да ги избрише солзите од очите на палестинскиот народ и да стави крај на секоја неправда, репресија, раселување и прогон.

Тие ги повикаа верните од сите епархии на Антиохиската Црква да се помолат за правда и мир во земјата на мирот, и да соберат помош за да му се олесне на постраданиот народ.

Бидејќи сегашните услови налагаат засилување на молитвите и многу соработка, Светиот Синод одлучи одново да ја воспостави заедницата помеѓу Антиохиската и Ерусалимската Патријаршија. Синодот назначи и надлежна комисија од Патријаршијата, која ќе комуницира со браќата од Ерусалимската Патријаршија, со цел наоѓање решение на проблемот околу црковниот спор за јурисдикцијата врз Катар, на начин што ќе ги заштити правата на црковната јурисдикција во корист на Антиохискиот Трон.

Извор: Бигорски манастир