Вселенскиот Патријарх Вартоломеј испрати телеграма со сочуство до Претседателката Гордана Силјановска-Давкова и до Митрополитот Брегалнички Иларион
 
 
 
 
 

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј испрати телеграма со сочуство до Претседателката Гордана Силјановска-Давкова и до Митрополитот Брегалнички Иларион (16.03.2025 19:23)

Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, дознавајќи за трагичната несреќа што се случи во раните утрински часови во забавен центар во градот Кочани, Северна Македонија, при што животот го загубија 59 лица, а повеќе од 100 сe повредени, испрати сочувствителни пораки до Нејзината Екселенција, Претседателката на државата, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, како и до надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Неговата Сесветост се моли Семилостивиот Бог да ги упокои душите на жртвите и да им даде сила на нивните семејства, како и за брзо закрепнување на повредените. Исто така, ја изразува својата длабока тага, сочувство и поддршка, како лично, така и од страна на Светата Христова Велика Црква, до народот на Северна Македонија, кој е потресен од оваа трагедија.

 

Извор: https://ec-patr.org/ο-οικουμενικός-πατριάρχης-εκφράζει-τ-3/