Изјава на сочувство на Српскиот патријарх Порфириј
 
 
 
 
 

Изјава на сочувство на Српскиот патријарх Порфириј (16.03.2025 19:19)

До Неговото Блаженство

Архиепископот охридски и македонски

Господин Стефан

 

Блаженејши во Христа брате и сослужителу,

Токму на Божествената служба, заедно со свештенството и верниот народ на престолниот Белград, се помоливме на воскреснатиот Господ за нашите браќа и сестри, верници на сестринската Македонска Православна Црква, кои настрадаа ноќта во Кочани. Евангелската вистина дека ако страда еден член, со него страдаат сите членови; а ако се прославува еден член, со него се радуваат сите членови (1Кор 12, 26), што се однесува на сите луѓе и на сите народи, ја чувствуваме уште подлабоко кога станува збор за страдањето на најблиската наша браќа и сестри, како што е случајот со ноќешната трагедија во Кочани. Знајте, Блаженејши, дека заедно со нашиот верен народ сме обединети со Вас во тагата, зашто од животниот пат заминаа оние што штотуку ги направија првите чекори по него, но истовремено сме обединети и во молитвата кон Господа да ги насели таму каде што нема ни тага, ни воздишки, туку каде што е животот бесконечен.

Ваш брат и сослужител во Христа,

Архиепископ на белградско-карловачкиот и Патријарх српски

Порфириј

 

Извор: spc.rs