Сочувство од Романскиот Патријарх Даниел (17.03.2025 17:11)
До Неговото Блаженство СТЕФАН, Архиепископ на Охрид, Скопје и Северна Македонија
Ваше Блаженство,
Со длабока тага дознавме за трагичниот настан којшто се случил утринава, недела, 16 март 2025 година во Кочани, Северна Македонија. А во кој повеќе од 50 луѓе ги загубиле своите животи, а уште 100 се повредени.
Во овие мигови на тага за народот на Северна Македонија, Му се молиме на Сесострадалниот Бог да ги вмести во Својот мир и во Својата љубов душите на загинатите во овој трагичен настан, да им даде брзо опоравување на повредените, а на ожалостените семејства, да им ја даде утехата којашто извира од Христовото Воскресение.
Патријарх на Романската Православна Црква