Сочувство од Митрополитот Волоколамски Антониј
 
 
 
 
 

Сочувство од Митрополитот Волоколамски Антониј (17.03.2025 17:12)

До Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и Митрополит Скопски Стефан

 

            Ваше Блаженство!

            Од сето срце Ви го принесувам своето длабоко сочувство поврзано со многуте жртви од пожарот во градот Кочани, кој, исто така, причини и страдања и опасна штета по здравјето на повеќе од сто и педесет луѓе.

            Се молам за упокојување на нашите браќа и сестри, кои претрпеа страшна и ненадејна смрт, зафатени во плен од огнената стихија.

            Човекољубивиот и милостив Бог (сп. 2 Мојс 34, 6), да ги утеши членовите на семејствата и блиските на починатите, како и оние коишто се во тага поради горката загуба; а на сите оние коишто настрадаа во оваа трагедија да им ги исцели раните.

            Со почит и љубов во Господа,

 

Претседател

на одделот за надверешни црковни врски на Московската Патријаршија

                                                                                                                                 Митрополит Волоколамски АНТОНИЈ