Сочувство за настраданите во пожарот во Кочани
 
 
 
 
 

Сочувство за настраданите во пожарот во Кочани (17.03.2025 17:15)

На 16 март 2025 година, дознавајќи за страшната трагедија која се случи во градот Кочани, дел од Брегалничката епархија, телеграми и пораки со сочувство до Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион испратија Неговата Сесветост, Цариградскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Неговата Сесветост се моли Семилостивиот Бог да ги упокои душите на жртвите и да им даде утеха на нивните семејства, како и да дарува брзо закрепнување на повредените. Воедно, изразува сочувство и поддршка и од свое име, и од името на Светата Велика Црква Христова.

Митрополитот Нишки г. Арсениј испраќа најискрено сочувство и молитви за настраданите во трагичната несреќа.

Епископот Горњокарловачки г. Герасим се моли Господ Бог да ги упокои и всели душите на настраданите во царството небесно.

Пораки со сочувство Митрополитот г. Иларион доби и од игуменот Наум, од Горњокарловачката епархија, архимандритот Данило, од Рашкопризренската епархија, ѓаконот Димитар, од Неврокопската епархија, испраќајќи искрено сочувство и упатувајќи молитви кон Бога за покој на душите на трагично настраданите и молитви за побрзо закрепнување на повредените.