Сочувство од Архиепископот Албански г.г. Јован (18.03.2025 14:23)
Архиепископот Албански г.г. Јован, во својата телеграма со сочувство до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, пишува: „Во овој момент, нашите срца се исполнети со жал поради опустошувачкиот пожар кој ја потресе вашата држава, предизвикувајќи големи загуби и страдање во градот Кочани. Жалиме за изгубените драгоцени животи и се молиме за исцелување на сите оние што беа повредени. Нека нашиот милосрден Господ ги утеши ожалостените семејства и нека ги успокои душите на починатите.“
Со најдлабока почит и љубов во Христа,
Јован
Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија