Од Старечникот (30.01.2009)
Рече авва Антониј:
„Ќе дојде време кога луѓето ќе станат безумни и секој пат кога ќе видат некој разумен, ќе станат против него говорејќи: „Ти си безумен“, бидејќи не е како нив.
***
Некои браќа го посетија еднаш Ава Антониј за да му кажат за виденијата што ги имаа и да дознаат за него дали тие се вистинити или се од демоните. А имаа едно осле што умре по пат. Само што дојдоа кај Старецот, тој примајќи ги праша: Како умре ослето по патот?
А тие му кажаа: „од каде го знаеш тоа, отец?
Тој, пак, им одговори: „Тоа ми го покажаа демоните.“
А тие рекоа: „Заради тоа ние и дојдовме кај тебе да те прашаме, бидејќи имавме виденија коишто многу пати се покажаа вистинити, за да не бидеме на каков било начин излажани.“
А Старецот на примерот на ослето им покажа како тие произлегуваат од демоните.
***
Истиот авва Антониј насочувајќи го својот поглед кон длабочините на судот Божји, праша:
„Господи, како тоа некои луѓе умираат откако малку поживеаја, а некои во длабока старост и зошто едните се сиромашни, а другите богати? И као тоа едните иако неправедни, стануваат богати, а другите иако праведни, се сиромашни?
И го слушна гласот кој му велеше:
„Антониј пази на себе, бидејќи тоа се судови Божји и тебе не тие од полза да ги знаеш.“
***
Во една прилика авва Антониј доби писмо од царот Константин со кое овој го канеше да дојде во Константинопол. И тој размислуваше што да прави. Па му рече на авва Павле, својот ученик:
„Треба ли да одам?
А овој му одговори: „Ако појдеш ќе се викаш Антониј, а ако не појдеш ќе се викаш авва Антониј.“