За духот и животот – Старец Софрониј
 
 
 
 
 

За духот и животот – Старец Софрониј (06.12.2009)

57.

Да Го следиме Христа Кој се искачува на Голгота. Ова искачување не е ништо друго, освен подвигот Христов од љубов спрема целиот свет. Кога борбата се води само меѓу овој свет и страстите негови, луѓето се исцрпуваат и стареат многу брзо. Кога пак страданијата произлегуваат од подвигот против страстите, со помош на Духот Христов, луѓето доживуваат преродба.

58.

Ништо не е поболно од тоа, некој да има љубов Христова во овој свет. Тоа е борба со вселенски размери.

59.

Како да чекориме кон Бога? Кога се стремиме кон оваа единствена цел, сè друго станува извор на страданија и болка. Сепак, го носиме овој крст молчејќи.

60.

Еве го парадоксот на христијанскиот живот: бирајќи ги страданијата Христови заради спасение на светот, ние сме поблизу до Него и до вечниот живот.

61.

Кога ќе решиме да Го следиме Христа, секој ден од нашиот живот, станува ден на страданија, на солзи и на болка. Од време на време се раѓа прашањето: Господи, зошто нè оздаде вака, та мора да поминеме низ толку страданија? Немоќни сме да сфатиме дека овој горчлив опит е патот на спасението.

62.

Постоењето на земјата за човека е болка без крај. Зошто го поднесуваме сето ова? Затоа што Создателот дојде и се насели меѓу нас. И сега, Го познаваме лично.